Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги започне преговорите, Албанија ќе почека

пред 3 години

Северна Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ, изјави канцеларката Ангела Меркел на видео-конференција со парламентарците од европскиот континент.

„Се соочуваме со потешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со Северна Македонија“, рече Меркел и додаде: „Албанија направи голем напредок, но особено е во прашање е дали ќе успееме навреме со Северна Македонија, затоа што се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, како што знаете“.

Таа се надева дека Северна Македонија годинава ќе ги започне преговорите, додека Албанија ќе мора да почека.

„Во случајот на Албанија, прашањето е малку поинакво. И покрај напредокот, не можам да ветам дека тоа ќе се случи оваа година, но многу наскоро“, рече канцеларката.

Scroll to Top