Механизација и работници го чистат снегот во Карпош

пред 3 години

Oд општина Карпош соопштија дека и утринава зимската служба интензивно работи на расчистување на снегот во сите урбани заедници.

„ Се користи механизација која истура сол за да го олесни движењето на граѓаните. Исто така, 30 работници од општинската комуналната служба работат на расчистување на снегот пред пофреквентните зони (детски градинки, основни училишта, маркети, аптеки)“ додаваат од општината.

Во текот на вчерашниот ден биле истурени 60 тони сол и 10 тони емулзиона течност.

Првенствено, како што наведуваат, механизацијата истурала сол по повисоките населби: Жданец, Трнодол, Бардовци, Нерези и долж улицата „Ловќенска“ (Козле).

Локалната самоуправа алармира до сите граѓани да користат зимска опрема и да бидат одговорни учесници во сообраќајот.

Scroll to Top