МИА Радио флеш

пред 4 години

Околу 40 пратеници од Нова демократија не му дозволуваат на Мицотакис да ги донесе за гласање во Парламентот договорите со Северна Македонија, заканувајќи се дека ќе гласаат против, велат, меѓудругото, од грчката опозициска партија СИРИЗА во соопштението во кое ја кометираат вчерашната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина. Во грчкиот Парламент на 14 и  на 15 септември беа доставени предлог-законите за трите договори меѓу Северна Македонија и Грција, односно за „Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ“, за „Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка“ и за „Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје“, а согласно процедурите, прво треба да добијат зелено светло од надлежната Комисија за надворешни прашања и одбрана, а потоа да бидат ратификувани.

1 октомври 2020 / 16:00

– Околу 40 пратеници од Нова демократија не му дозволуваат на Мицотакис да ги донесе за гласање во Парламентот договорите со Северна Македонија, заканувајќи се дека ќе гласаат против, велат, меѓудругото, од грчката опозициска партија СИРИЗА во соопштението во кое ја кометираат вчерашната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина. Во грчкиот Парламент на 14 и  на 15 септември беа доставени предлог-законите за трите договори меѓу Северна Македонија и Грција, односно за „Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ“, за „Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка“ и за „Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје“, а согласно процедурите, прво треба да добијат зелено светло од надлежната Комисија за надворешни прашања и одбрана, а потоа да бидат ратификувани.

–  Сте одлучиле да студирате во сфера која допрва ќе станува уште поважна. Безбедноста не засега сите постојано, ја забораваме се до моментот кога ќе ја изгубиме. Бебзбедноста е нешто што секој мора да го има дома бидејќи сите сакаме да се чувстуваме сигурни и безбедни дома, и на улица, и во институции, на било кој простор. Но безбеднсота е големата промена што ги зафати сите држави, целата планета, не е само прашање на граници и на полиција на улици, на спремна Армија да се соочи со ризикот. Денеска безбедноста покрива се и затоа од Вас ќе се бара знаење за се. Ова е пораката од министерката за одбрана Радмила Шекеринска на студентите на свеченоста по повод отпочнувањето на новата академска студиска 2020/2021 година на Факултетот за безбедност, која посочи дека од нивните професори ќе се очекува и широки дебати и познавања.

– Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше средба со претставници на Црвениот крст, на која разговарале за продолжување на соработката за унапредување на социјалната и економската состојба на граѓаните. -Значењето на Црвениот крст на Северна Македонија е огромно. Тој е наш партнер , со кој сме на иста линија и заедно се залагаме за унапредување на социјалната и економска состојба на граѓаните преку социо-психолошка и материјална помош и поддршка на оние на кои им е неопходна и најпотребна, истакнала министерката Шахпаска на средбата .

– По вчерашните средби со советниците на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и на канцеларката Ангела Меркел, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска во германското Сојузно министерство за надворешни работи ги продолжува разговорите главно фокусирани на динамиката на усвојување на Преговорачката рамка. Како што соопшти СЕП, тој имаше средба со Забине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики и со Сузане Шуц, директорка за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, на која беше разговарано за напорите за затворање на преговорите за Повеќегодишната финансиска рамка 2021 – 2027, со што ќе се финализира и Рамката за финансиска поддршка за регионот. Во фокусот на средбата беше, се посочува, и размена на мислења во однос на заедничката цел: отворање на пристапните преговори годинава.

– Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со претставници на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) со кои разговараше за состојбата со слободата во медиумите, синдикалното организирање и за условите во кои работат новинарите и медиумските работници. – Беше дискутирано за прашањата кои е потребно да се уредат во однос на работничките права на новинарите и медиумските работници, како и за овозможувањето на соодветни услови за новинарите слободно да ја вршат својата работа, со оглед на тоа дека медиумските слободи се уште остануваат предизвик за кој е потребен ангажман на сите засегнати страни со цел изнаоѓање на долгорочни решенија, информира Кабинетот на претседателот.

– Премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска остварија средба со група офицери, кои се вратија од мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан. На средбата на која присуствувал и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани, премиерот Заев од лично и од име на Владата им се заблагодарил и упатил честитки до офицерите за успешно извршената мисија.

– Во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-14, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-1, Велес-2, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-3, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-1, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1. Во болнички услови се починати четири пациенти од кои тројца од Скопје (55 г., 80 г. и 81 г.) и еден од Штип (81 г.). Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-10, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-9, Велес-1, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-1, Кочани-13, Берово-2, Валандово-2, Свети Николе-2, соопшти Министерството за здравство.

– Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека темата на Заедницата на општини со мнозинско српско население е затворена и дека Косово веќе нема да прави компромиси за постигнување конечен договор за решавање на спровите со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. За време на денешната посета на Призрен, Хоти изјави дека не е сигурен како ќе продолжат преговорите доколку српската страна и натаму инсистира на повторно отворање на прашањето на Заедницата, но нагласи дека дијалогот сепак нема да стагнира по вина на Приштина.

– Со мали инциденти пред грчкиот Парламент и со пораката до Владата да ги преземе неопходните мерки во училиштатат за заштита од коронавирусот, заврши протестот во Атина на учениците и просветните работници. „Не за уште една загубена годна, образование, здравје, безбедност во сите училишта“; „Маската не е единствената заштита“; „Дајте пари за образованието“, беа дел од слоганите на протестот, а главните барање на учениците се да се намали бројот на учениците во одделенијата, да се зголеми бројот на наставници и професори, но и да се зголеми бројот на хигиеничари, јави дописничката на МИА од Атина.

– Преговорите меѓу Велика Британија и Европската унија се водени во конструктивен дух, а Лондон работи напорно за да го обезбеди договорот, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон. Тој рече дека Велика Британија е посветена на работата преку заеднички комитет, кој ги обединува двете страни, за да се најде решение за протоколот за Северна Ирска, кој, како што тврди Велика Британија, ќе биде прекршен доколку двете страни не постигнат поширок договор.

– Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека дипломатијата е решение за проблемите на ЕУ со Турција во источниот Медитеран. Доаѓајќи на Самитот на лидерите на ЕУ, таа истакна дека Унијата има голем интерес за развој на конструктивни односи со Турција, и покрај сите проблеми.

– Во изминатите 24 часа во Иран регистрирани се рекордни 3.825 новозаболени со Ковид-19 или на секои 23 секунди пријавен е нов случај, соопшти денеска иранското Министерство за здравство. Во истиот период во земјата од последици од новиот коронавирус починале 211 луѓе односно на секои седум миниути бил пријавуван по еден смртен случај.

– Екстремно десничарската група „Горди момчиња“ слави откако американскиот претседател Доналд Трамп во дебатата со противкандидатот Џо Бајден во Охајо одби директно да ги осуди расистите и оние кои пропагираат бела супериорност, пишува Гласот на Америка. Трамп беше критикуван дека никогаш експлицитно не ги осуди екстремно десничарските групи, а за време на дебатата модераторот Крис Валас го праша дали директно ќе ги осуди расистичките групи.

Scroll to Top