Милошоски: Османи може да менува само статут на ДУИ, македонскиот Устав не е предмет на поткусурување

пред 3 години

По денешната средба со туристички и здравствени работници во Охрид, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски даде изјава за медиуми. На новинарското прашање, што смета за најавите на министерот Османи за промена на Уставот со цел да му се удоволи на источниот сосед, Милошоски одговори дека Османи може да коментира само промена на статут на ДУИ, а не промена на македонски Устав.

„Господинот Бујар Османи како член на ДУИ може да предлага менување на статутот на ДУИ, ако имаат за тоа потреба или ако за тоа чувствуваат некакви понуди или притисоци од своите членови. Но како министер за надворешни работи Бујар Османи нема право да го нуди македонскиот Устав бидејќи тој не е на распродажба и да ја отвора Пандорината кутија за да задоволи нечии големодржавни интереси“, истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека македонскиот Устав е сосем пристоен, демократски, европски Устав и нема потреба истиот да биде предмет на поткусурување.

Scroll to Top