Министерот Спасовски даруваше крвна плазма за болните од Ковид-19

пред 3 години

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, преку својот фејсбук профил информираше дека денеска дарувал крвна плазма за пациентите болни од вирусот Ковид-19.

– Дарувањето крвна плазма во овие моменти е од круцијална важност за да го победиме заеднички Ковид-19. Ги охрабрувам сите коишто закрепнале од Ковид-19 да донираат конвалесцентна плазма, да ја зголемиме шансата за успешен исход за секој којшто се бори против коронавирусот, пишува министерот Спасовски, на фејсбук и апелира да се дарува крвна плазна од причина што истата спасува живот.

Scroll to Top