Мисајловски: Од утре почнува кампањата за собирање на потписи за поништување на Законот за попис

пред 3 години

Од утре почнува кампањата за собирање на потписи за понишување на Законот за попис најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и упати апел до сите граѓани да се придружат на ваквата иницијатива додавајќи дека штандови ќе има насекаде низ државата.

„Ние почнуваме уште од утре насекаде низ Македонија да ги собираме овие потписи, затоа ги охрабруваме граѓаните ќе не има секаде низ плоштадите, ќе не има на улиците секој кој што сака да ни даде поддршка да дојде да се потпише, бидејќи сакаме што повеќе граѓани да бидат опфатени, а потоа се разбира ние заеднички да ги поднесеме за соборување на овој закон. Секако тука ќе бидеме сите пратеници да се потпишеме и потоа да ги доставиме, вели Мисајловски.

Scroll to Top