Мицкоски на средба со Гир: Не е европски Македонија да се условува за јазикот, идентитетот и за историјата

пред 3 години

Не е европски Македонија да се условува за нејзиниот јазик, идентитет и историја, кои се дел од личната карта на еден народ. Македонија има право на своите идентитетски обележја рекол лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со претставникот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир – информираат од партијата.

Како што велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Гир се согласиле дека реформите во земјава мора да се спроведат и дека придвижувањето кон ЕУ е од корист на државата.

„Мицкоски алармираше и на се поголемиот хаос во државата создаден од Зоран Заев, на кој му е поважен партискиот рејтинг и бизнисот на фирмите блиски нему одошто државата. Лошото справување со здравствената криза се докажува со огромниот број починати и заразени, како и тоа дека здравствениот систем е пред колапс. Добредојдена е поддршката од европските партнери на тој план“ – се вели во соопштението од партијата.

Scroll to Top