Млад жител на Љубаништа загина на Галичица

пред 4 години

Млад човек на 20-годишна возраст денеска го загуби животот во несреќа што се случила на падините на планината Галичица, јавува МИА.

Според првичните информации, жител на селото Љубаништа смртно настрадал кога се превртел тракторот со кој управувал на планинскиот пат што од Отешево преку Галичица води до селото Трпејца и магистралниот пат од Охрид до Свети Наум.

Полицијата врши увид на местото на настанот, а истрагата треба да ги утврди околностите и причините што довеле до несреќата.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top