МОН: Во училиштата немаше партиско гласање

пред 3 години

Министерството за образование и наука вели дека во училиштата немало партиско гласање на вчерашните избори за лидер на СДСМ.

„МОН реагира на пласираните невистини дека на партиски избори одржани во неделата се гласало во училишта. Станува збор за груба, намерна манипулација и дезинформација. Не се гласало во ниту едно училиште на територијата на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Министерството за образование и наука работи согласно закон.

„Со Законот за основно образование, во основните училишта се забранува партиско и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја. Оваа Влада и Министерството за образование и наука ги користат училиштата за дејноста за којашто се наменети – за спроведување на воспитно-образовниот процес. Министерството за образование и наука апелира политичките партии да не го инволвираат образованието во дневните агенди“, се наведува во соопштението.

Scroll to Top