Муцунски: Фијаското со договорите со Грција и Бугарија се случуваше кога Димитров беше на чело на МНР

пред 3 години

Пратеникот Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската дебата за интерпелацијата на Никола Димитров, актуелен вицепремиер за европски интеграции рече дека покренувањето на прашањето за одговорност на член на влада е многу важно, исто како што е многу важно дали се исполнуваат дадените ветувања кон граѓаните.

Причини за интерпелација има повеќе, додаде Муцунски, и укажа на неколку од нив.

Прво, според него, е што старо – новата влада за време на кампања пред парламентарните избори даде ветување дека Македонија формално ќе ги започне преговорите со ЕУ до крај на годината или до крај на 2020 година, што не се случи.

Второ, рече тој, актуелниот заменик претседател на Владата пред неколку месеци беше и прв човек на МНР, беше во постапка за постигнување на Преспанскиот договор, како и на оној за добрососедство со Бугарија.

„Тоа се два асиметрични договори кои беа презентирани како извонреден успех“, рече Муцунски додавајќи дека од нив произлегуваат само проблеми и последици.

Трето, напомена Муцунски, за решенијата во овие договори не бил воден сооддветен демократски дијалог и не била вклучена пошироката експертска јавност.

Четврто, рече тој, во два наврати Димитров беше повикан пред Комисијата за надворешни работи во Собранието да се разговара за прашањето со Бугарија и блокирањето на патот кон ЕУ, а тој не се појави да рефереира по овие прашања.

Како петто, Муцунски напомена, „фијаското не го ставам само на негов товар, но тоа се случуваше кога Димитров ја извршуваше функцијата“.

Според Муцунски, за сето ова што се случувало изостанал и сооодветен интитуционален одговор.

„Потребно е да констатираме дека за неприфатливиот, навредувачкиот однос и блокирање на патот кон ЕУ од страна на Бугарија, а тоа значи и негирање на идентитет, посебност, немаше институционален одговор“, рече Муцунски.

Според него потребно е национално единство и соработка, со цел вакви дебакли ги надминуваме стереотипите и да наоѓаме достоинствени решенија.

Scroll to Top