Над 40.000 иселеници досега се евидентирале во апликацијата за попис

пред 3 години

Преку апликацијата за самопопишување заклучно со 08.50 часот денеска се евидентирале вкупно 40397 лица кои се во странство, соопшти Државниот завод за статистика.

Евидентирањето на иселениците преку апликацијата почна на 1 март и ќе трае до 21 април.

Од ДЗС вчера наведоа дека секојдневно го следат процесот и се во постојана комуникција со македонските иселници. Проблемот со ненавременото добивање повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира.

Самопопишувањето за едно лице, според ДЗС, трае само 10 минути, воопшто не е сложено и ги охрабрува и мотивира иселениците да одвојат кусо време за да се самопопишат.

Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнa со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот, кој ќе започне на 1 април.

Scroll to Top