Наставата на „Меѓународниот Балкански Универзитет“ започнува на 5 октомври и ќе се одвива онлајн

пред 4 години

Новата учебна година на „Меѓународниот Балкански Универзитет“ започнува со настава на 5 октомври, а зимскиот семестар ќе се одвива целосно онлајн поради околностите со пандемијата на новиот коронавирус. Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Новата учебна година на „Меѓународниот Балкански Универзитет“ започнува со настава на 5 октомври, а зимскиот семестар ќе се одвива целосно онлајн поради околностите со пандемијата на новиот коронавирус. Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ), за потребите на Универзитетот разви интегрирана платформа за електорнско учење наречена „Хело“ (Hello! Online System). „На онлајн платформата се креирани преку 500 предмети од 17-те додипломски и 11-те постдипломски студиски програми. Оваа платформа беше креирана уште при крајот на месец март и истата се користеше и за следење на наставата за време на остатокот од летниот семестар од учебната 2019/2020 година“, соопштуваат од Универзитетот. Центарот за онлајн настава при Универзитетот, преку кој се спроведува наставата на „Хело“ платформата, е опремен со најсовремени услови, сите потребни технолошки решенија за ваков неконвенционален, но модерен метод на настава, при тоа запазувајќи ги сите потребни мерки за претпазливост и заштита од Ковид-19. Универзитетот има развиено и нов систем за онлајн запишување на зимскиот семестар од академската 2020/2021 година. Запишувањето започнува на 30 септември и ќе трае до 9 октомври.  Процесот на регистрација ќе се одвива целосно онлајн, преку „Хело“ платформата, со цел да се избегне создавање гужви, блиски контакти и физичко присуство кое може да го загрози здравјето на студентите, кадарот и нивните семејства. Исто така, деталниот академски календар со распоред на предавања е веќе објавен на веб страницата на МБУ. -Онлајн наставата, без физичко присуство на студентите, во моментов е со сигурност најдобра опција за сите. Во насока на зачувување на јавното здравје, менаџментот на Универзитетот донесе одлука за продолжување на досега успешната онлајн настава. Сакаме да им посакаме успешна учебна година на сите студенти и целиот академски кадар, со надеж дека што побрзо ќе се надмине кризата и ќе можеме повторно да се вратиме на регуларниот метод на настава, бидејќи ни недостасуваат нашите студенти,  велат од МБУ. Аплицирањето за програмата за стипендии на Меѓународниот Балкански Универзитет ќе трае до 25 септември 2020 година. Според неа, ученици кои се прогласени за најдобри во генерацијата, што се докажува со потврда од средното училиште, добиваат целосна стипендија и овие идни студенти ќе бидат целосно ослободени од школарина. Аплицирањето може да се врши онлајн. До крајот на август, повеќе од 300 студенти од земјата и од Балканскиот регион согласно нивниот успех од средно образование се здобија со стипендии. ки/са/

Извор: mia.mk

Scroll to Top