Натпревар за основците за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

пред 4 години

Здружението на граѓани „Еко Логик“ во рамки на програмата „Вело училишта“ отвора меѓуучилишен натпревар за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Целта на натпреварот е да предизвика интерес за активности за сочувување на природата и преземање на акции, односно едукативната компонента е насочена кон енергетска ефикасност, здрави навики, забава во природа и во домот, како и да го поттикне натпреварувачкиот дух на учениците и самите училишта.

Натпреварот ќе биде реализиран преку дигитална игра „Еко Маало“, што е достапна на платформа „Тabletopia“ и може да се игра преку мобилен телефон или компјутер. Право на учество имаат ученици од седмо, осмо и деветто одделение врз принципот „Прв дојден, прв услужен“.

Училиштата е потребно да номинираат четири учесници кои имаат познавања и интерес за темите кои ќе се обработуваат. Номинацијата може да ја направат по реализиран интерен натпревар во самото училиште на зададената тема физички или онлајн. Тој интерен натпревар е потребно да биде реализиран во периодот додека трае овој повик, 30 октомври 2020.

Линкот за пријавување е https://forms.gle/gB23VovkaHWHbB4q9  За најдобрите ученици се предвидени награди.

Scroll to Top