На лошото здравје на Јанева влијае и притворот, адвокатите се надеваат дека ќе се укине пресудата за „Рекет“

пред 3 години

Адвокатот Дељо Кадиев по јавната седница за „Рекет“ во Апелација, кажа дека пресудата од Кривичниот суд треба да се укине, бидејќи има многу грешки и повреди во постапката при нејзиното изрекување. Како најспрецифични ги наведе заклучоците на судот, изведувањето на доказите, необезбедување на материјалите докази. Тој кажа дека Јанева не присуствуваше на рочиштето поради нејзината здравствена состојба, која е влошена и од притворот кој и е изречен и кој го издржува повеќе од една година.

„Ваква пресуда каква што е донесена во ‘Рекет’ ќе влезе во аналите на нашето судство. Со толку грешки, истата не смее да се дозволи да продолжи. Се надевам дека Апелација ќе ја укине оваа пресуда. Оваа пресуда не би требало да може да биде преиначена, бидејќи постојат толку суштествени повредени, да можат да бидат поправени само во нова постапка. Има повреда во изведување на доказите, нелогичните заклучоци. Овие докази не водат кон осудителна пресуда. За да изерече конфискација на парични средства мора да имате несоборлив доказ дека се дадени. Да верувате на Јордан Камчев дека тој извадил пари од своите сметки, а да не ги проверите сметките, тоа е нон-сенс. За да се тврди дека се променети пари во менувачница, а потоа да не проверите во Народна банка дали има таква трансакција пријавена, а должна е да биде пријавена исто така е нон-сенс. Да тврдите дека се сместени 350 илјади евра во еден несесер, а да не го прибавите, а сведокот вели: „Да ми го врати Бојан“, а должен бил јавниот обвинител да го прибави, а судот да го изведе како доказ. Ќе ставевме банкноти, ќе проверевме дали навистина собира. Зошто тоа не е направено, останува да видиме“, рече Кадиев.

За здравствената состојба на Јанева, упати одговор да даде нејзиниот син.. Тој кажа дека притворот и го влошил здравјето.

„Катица Јанева сакаше да присуствува на јавната седница, но нејзината здравствена состојба тоа не го дозволи. Знаете како е, да бидете притворени година и пол, не може полезно да се одрази. Среќа и се дозволи да отиде во Гевгелија, нејзиното родно место, да се повлече од јавноста, да може таму да издржува притвор“, рече Кадиев.

Scroll to Top