На 13 декември предвремено ќе се бираат градоначалници во Штип и Пласница

пред 4 години

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија денеска го потпиша Решението за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип.

13 декември 2020 година (недела), е денот утврден за одржување на изборите. Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија и избирачките одбори а влегува во сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија,“ информираат од Собранието.

Scroll to Top