Нема препорака за нови рестриктивни мерки од Комисијата за заразни болести

пред 3 години

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдуваат од Министерството за здравство.

Останува апелот за целосно и доследно почитување на мерките кои се на сила, како што се забрана за работа на угостителски објекти по 21 часот, групирање повеќе од четири лица во текот на 24 часа, како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори.

Scroll to Top