Не се размислува за нови мерки во училиштата вели министерката Царовска

пред 3 години

Не се планираат нови мерки за училиштата вели министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање дали се планираат промени со оглед на тоа дека периодов расте бројот на новозаболени од Ковид-19.

„Состојбата во училиштата е стабилна. Според последниот извештај, 35 ученици и околу 60 наставници се заболени, што е многу помалку од крајот на првото полугодие. Сите протоколи се спроведуваат, немаме интерно ширење на болеста, стабилно е, засега не се размислува за поинакви мерки во училиштата“, рече Царовска.

Комисијата за заразни болести вчера препорача, а Владата треба да одлучи на денешата седница дали ќе го прифати предлогот за воведување на полициски час од 22 до 5 часот.

Scroll to Top