Нигериец во борба за гадоначалник на Штип

пред 3 години

Симон Поликарп, познат како Џими од Нигерија, е еден од кандидатите за градоначалници на предвремените локални избори во Општина Штип.
Тој долги години живее во градот, а е кандидат на партијата ИНТЕГРА.

За градоначалничката фотелја се кандидирани и Трајче Митев како независен кандидат, докторот Сашко Николов од СДСМ, Лазар Наумов од ТМРО и Гоце Ангелов од коалицијалицијата „Иднината во наши раце“ составена од партиите Демократи и Македонска ослободителна реформска организација.

Инаку на изборите нема да учествуваат ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката донесена на Извршниот Комитет која ја правдаат со големиот број на заболени и починати од коронавирусот.

На 11 декември ќе гласаат болните од коронавирус, на 12 декември болните, изнемоштени лица и осудениците во затворите. На изборниот ден 13 декември, гласачките места ќе бидат отворени во 7 часот наутро.

Scroll to Top