Николовски: После 19 години создадени се нормативни услови да се реализира попис

пред 3 години

Со усвојувањето на Законот за попис на населението се создадени нормативните услови да се реализира оваа важна статистичка операција после 19 години, објави вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на Фејсбук, поздравувајќи ја одлуката на пратениците и носењето на ова законско решение.

– Институциите се подготвени, ќе имаме попис по меѓународни стандарди. Концептот е професионален и одговорен, без политички влијанија, да имаме точни, веродостојни статистички податоци и да го спроведуваат стручни лица. Според критериумите на Евростат и меѓународните стандарди, наведува Николовски.

Според него, партизирањето на пописот е штетно и целосно непотребно, бидејќи тоа е статистичка операција, која е неопходна за да се планира развојот на државата. сп/

Scroll to Top