Николоски на средба со Сијарто: Работиме на продлабочување на односите на Македонија со Унгарија

пред 3 години

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски се сретна со министерот за надворешни работи на Република Унгарија, Петар Сијарто.

Од партијата велат дека средбата доаѓа како продолжение на претходната дипломатска посета која што делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја имаше со врвот на унгарската влада, како и во функција на реализација на заложбите за почеток на преговори на Македонија со ЕУ, интензивирање на соработката на сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕС и продлабочување на односите на Македонија и Унгарија.

„На средбата Николоски – Сијарто разговараа за продлабочената соработка и јакнење на капацитетите на двете сестрински партии Фидес и ВМРО-ДПМНЕ во рамките на семејството на Европската Народна партија, како и продолжување на напорите на одблокирање на патот кон Европската Унија. Потпретседателот Николоски истакна дека исклучително важно е да не се губи време со интеграциите на Македонија и од голема помош е секоја поддршка и лобирање на пријателите како што е Унгарија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top