Николоски: Останувам на тоа што сум го кажал, со Заев ќе се видиме на суд

пред 3 години

Останувам на се што сум кажал за случајот „Рекет“, останувам на вистината рече денеска пред судот Александар Николоски кој требаше да се соочи со премиерот Зоран Заев на судењето за клевета поради неговите изенсени ставови. Поради здравствената сосотјба на судијката денешното рочиште беше одложено.

„Во однос на тоа што го кажав и позади кое што стојам, а тоа е дека случајот „Рекет“ не опфаќаше само еден бизнисмен, опфаќаше повеќе бизнисмени и дека беа изрекетирани некаде над 20 милиони евра. Следното рочиште ќе биде на втори јуни и се надевам дека тогаш ќе имаме можност да ги соочиме со Зоран Заев аргументите. На ова рочиште е предвидено да се случи и распит на странки, така што имајќи предвид дека јас се бранам самиот без адвокат ќе имам неколку прашања да поставам и кои што ќе бидат интересни за македонската јавност, како јас презентирам докази кои што мислам дека ќе го поткрепат ова мое тврдење“ – рече Николоски.

Scroll to Top