Обвинение за скопска дилерка на хероин

пред 4 години

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 39-годишна жена за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Како што информираат од обвинителството, таа во домот во кој престојувала на скопската улица „Никола Тесла“, заради продажба неовластено држела хероин со вкупна тежина од 22,68 грама, спакуван во повеќе различни пакувања.

Дрогата била пронајдена на 22. септември, при претрес на нејзиниот дом.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетата.

Scroll to Top