Обилните дождови ја заматија водата во гостиварскиот водовод

пред 3 години

Водата која се дистрибуира низ гостиварската водоводна мрежа е заматена и не е погодна за употреба. Од комуналното претпријатие упатија апел до граѓаните да не ја користат за пиење.

Во соопштението до јавноста од ЈКП Комуналец посочуваат дека поради облините врнежи од дожд деновиве, дошло до заматување на водата во изворот на реката Вардар. Како последица на оваа појава водата која се пренесува преку водоводната мрежа е загадена и не смее да се користи за пиење – известуваат од ЈКП „Комуналец“ Гостивар.

Забраната за користење на водата за пиење, ќе важи до наредното известување.

Изминативо деноноќие во гостиварско беа измерени над 40 литри воден талог, со што значително се смени хдролошката слика на реките и останатите водотеци.

Scroll to Top