Облачно време со локални врнежи од дожд

пред 3 години

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а во северните делови значително постудено.

Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места. Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 15 степени, јави УХМР.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 7 степени.

Од четврток ќе настапи стабилизација на времето со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.

Scroll to Top