Облачно и студено со температура до 6 степени

пред 3 години

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер претежно од северозападен правец. На места ќе провејува слаб снег. До крајот на денот облачноста во најголем дел од земјава ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени.
 
Во  Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Scroll to Top