Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

пред 3 години

Времето денеска ќе биде претежно облачно во западните делови со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 7 до 15 степени, јави УХМР.

Во Скопје, облачно претпладне со слаба магла, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Scroll to Top