Објавен распоредот за телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

пред 4 години

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку онлајн платформата на Министерството за образование, часовите ќе можат да ги нследат на Македонската телевизија, на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни сегменти за секој наставен час.

Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот по утврден распоред за секое одделение, подготвен од Бирото за развој на образованието.

Министерката за образование Мила Царовска на својот фејсбук-профил ги објави распоредите со часови од прво до деветто одделение за наставата на телевизија.

Настава на телевизија – погледнете го распоредот на часови за децата од прво до деветто одделение! Едукативните содржини…

Posted by Мила Царовска on Среда, 30 септември 2020

„Оваа година е различна од останатите. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови. Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се разиваат, напиша Царовска на „Фејсбук“.

Според анализите на МОН, околу 40.000 деца немаат соодветни ИТ уреди.

Scroll to Top