Одбиена жалбата на Мијалков за одредениот притвор

пред 3 години

Апелацискиот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на осудениот Сашо Мијалков во предметот „Таргет-Тврдина“ и го потврди решението за притвор.

„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -19/21 познат во јавноста под името „Таргет – Тврдина“ по одржана нејавна седница на ден 12.03.2021 година, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот С.М. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е укината мерката куќен притвор и определена мерка притвор како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот, го потврди“, се наведува во соопштението на судот.

Одлуката ќе биде објавена во целост на веб-страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Мијалков беше осуден на 12 години затворска казна за случајот Таргет-Тврдина. Судот одлучи да го прифати предлогот на обвинителката Ленче Ристоска која побара ефективен наместо домашен притвор за Мијалков, до правосилноста на пресудата.

Scroll to Top