Одложено рочиштето за уривањето на „Космос“

пред 3 години

Рочиштето за предметот ТНТ е одложено заради здравствени пречки на надлежниот обвинител, информираат од Кривичниот суд.

Следното продолжение на главната расправа e веќе насрочено за среда, 11 ноември, за кога се повикани странките, додаваат од судот.

Во предметот ТНТ, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Scroll to Top