Од над 20 луѓе на состанок на ВМРО-ДПМНЕ, ниту половината не носат маски

пред 4 години

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва објави фотографија на  „Твитер“ насловена како „Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот“, на која се гледа како од над 20 лица присутни на состанокот, едвај осум луѓе носат маски.

Состанокот, според фотографијата што ја објави Филипче, се одржува во затворена просторија, и покрај препораките да нема поголеми групирања од повеќе од четворица, со оглед на тоа што истражувањата покажуваат дека коронавирусот многу полесно се пренесува во затворени простори, доколку не се носат заштитни маски и каде што има поголеми групирања.

Во неколку држави веќе во сила се препораките заштитните маски да се носат и на отворен простор. Во земјава овие мерки најверојатно ќе стапат на сила наредната недела, откако тоа го препорача Комисијата за заразни болести.

Scroll to Top