Од сабота влажен бран во Македонија со врнежи од дожд и снег

пред 3 години

Под влијание на влажен бран, од сабота до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег, информира УХМР.

Повремено врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.

Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник. На планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, кој во недела во текот на денот ќе го промени правецот во северен.

Scroll to Top