Од сообраќај исклучени 28 возила за меѓуградски превоз, од нив 23 со неисправни уреди за сопирање

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје, санкционираше 28 возила, кои вршат меѓуградски превоз на патници.

Како што информираа денеска од МВР, 23 се санкционирани поради неисправен уред за сопирање, а пет поради други неисправности.

– Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија од МВР.

Scroll to Top