Од Спасовски се бара нов закон за оружје и експлозивни средства

пред 3 години

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба помеѓу министерот Оливер Спасовски и претседателот на Групацијата за оружје, екплозивни и опасни материи, пиротехнички средства и програма за воена и цивилна намена, Димитар Мангутов.

Како што информираат од ресорното министерство, претставниците на Групацијата побарале да се разгледа можноста за предлог на нов Закон за оружје и Закон за експлозивни средства и пиротехника, во кој би биле вклучени, како и нов софтвер за набавка и продажба на оружје и муниција.

Министерот Спасовски изразил волја и најавил формирање на работна група во која ќе бидат вклучени преставници на Групацијата и од Ловечката федерација во изготвувањето на новиот Закон за оружје, како и Законот за екплозивни средства и пиротехника.

Scroll to Top