Опозицијата го поддржа законот за набавка на вакцини: нула вакцинирани, речиси 3.000 починати, Филипче требаше да си поднесе оставка

пред 3 години

Со 70 гласа на власта и опозицијата пратениците го донесоа законот за лекови, со што се создаваат услови за увоз на вакцините со кои треба да се изврши имунизација на населението против Ковид-19 . На собраниската дебата опозицијата со остри тонови кон министерот Венко Филипче, при што обвини за лаги и манипулации со информациите за набавка на вакцините, како што рече, со цел да ја покрие својата неспособност. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека власта сакала да ја фрли целата вина кон нив што нема вакцини и потсети дека тие не се на власт четири години и дека моралната одговорност за неработењето и нула набавени вакцини е кај власта, односно кај министерот Филипче, кој требало да си поднесе оставка од функцијата. „Наместо да се извините на граѓаните што нема внес на вакцните, за неспособноста на Владата вие ја напаѓате опозицијата дека не била присутна на седница кога се предложил законот. И наместо законот да го изготви и поднесе Владата на предлог на Министерството за здравство, законот за нававка на вакцини го поднесува група пратеници, што е многу несериозно. Што прави Владата една година, не знаеше дека треба да се вакцинираме? Туку не тешеше со најави, сега ќе дојдат, утре ќе дојдат и никако да ги видиме. Нели требаше да алармира министерот, дека треба да има законско решение за испорака на вакцините. Тоа требаше да го направите наместо да се сликате и ажурирате таму како членство“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ , Никола Мицевски. Пратеникот на опозицијата Бојан Стојаносвки во обраќањето изнесе информации за земјите во Европа и регионот каде што е започната масовна вакцинација и побара одговорност зошто во Македонија нема ниту еден вакциниран. „ Наместо да се однесувате во стилот „Нисам од одавде“ погледнете во стастиката на комшиите , во Србија кои имаат веќе 450 илјади вакцинирано со најава дека за 15 дена ќе ги вакцинираат сите граѓани што се пријавиле. Секаде вакцинацијата е во полн ек, само кај нас има нула вакцинирани. Романија има 672.000, 269.000 Грција, Чешка 264.000 илјади, Литванија 93.000, Хрватска 80.000, Луксембург, 11.000, дури Сејшели имаат 30.000, а ние ниту еден. Кога ќе биде, кажете? Заев излажа дека платил 800 илјади вакници, па ги нема. Во Македонија нема нус ефект, зашто немаме ниту еден вакциниран. Колективна оставка за сите ако имате минимум морал“, порача пратеникот Стојановски од собраниската говорница. И пратеникот Антонијо Милошоски одговорноста ја побара кај министерот Филипче за доцнењето на вакцините и за големата бројка починати од коронавирусот, при што најави дека сепак ќе го поддржат законот затоа што се работи за колективното здравје на граѓаните. „На 15 октомври Владата го овластила Филпче да направи законско решение, поминале 100 дена од тогаш но тој ништо не направил. Наместо да се занимаваше затоа што е платен си правеше ПР, се сликаше со Дедо Мраз како дава подароци на болни деца. 2900 починати од Ковид-19 имаме, а да беше навремено реагирано, до сега ќе се спасеа неколу животи. Македонија е во првите седум земји по починати. Кај нас 100 и 200 жртви се многу. Македонија е неславен рекордер во починати. Затоа и министерот не е тука, затоа пратеници го потпишуваат овој закон, затоа што нема да знае да одговори на многу прашања, да даде образложение зошто не понудил услуги кои им следуваат на граѓаните“, додаде пратнеикот Милошоски. На обвинувањата на опозцијата пратениците од власта ги повикаа колегите пратеници, да не собираат политички поени кога се работи за општото добро на граѓаните, туку да покажат конструктивност. „Секоја жртва е голема загуба, да не се однесуваме како гробари да броиме починати, затоа што не е ниту морално ниту одговорно таквото однесување. Колку побрзо го донесеме Законот толку подбрзо ќе се вакцинира населението. Да бидеме ефикасни побрзо се донесат измените, да не губиме време на политчки препукувања“, рече пратеникот Ненад Коциќ од СДСМ. Инаку со законското решение се овозможува набавка на вакцините од компанијата „Фајзер“, која нема претставништво во државата, а треба да се набават 800 илјади дози. Текстот Опозицијата го поддржа законот за набавка на вакцини: нула вакцинирани, речиси 3.000 починати, Филипче требаше да си поднесе оставка е превземен од А1он .

Scroll to Top