Османи: Нема алтернатива за европскиот пат и за добро

пред 3 години

Да ја гледаме и оваа блокада, како една пречка на патот што треба да не мобилизира, да не реорганизира за да можеме да продолжиме со начините за враќањето на довербата во процесот и надминување на оваа пречка. Нема алтернатива од европскиот пат. Нема алтернатива од добрососедските односи. Ние ќе продолжиме уште од денеска да работиме со Република Бугарија бидејќи денес е Република Бугарија, утре ќе биде друга земја членка која ќе спори за друго прашање. Ние мора да навикнеме дека овој процес бара многу разговори, бара многу дипломатија, бара упорност и не смее да има откажување во ниту еден момент во процесот.

Ова е пораката што денеска ја упати министерот за надворешни работи Бујар Османи по положувањето свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.

Ќе продолжиме и ве убедувам дека ќе стигнеме до крајната цел, ќе станеме и земја членка на НАТО и на ЕУ, истакна Османи.

– Меѓутоа, останува уште Европскиот совет во четврток на состанокот на премиерите и на шефови на држави кои исто така е една теоретска можност на којшто може да се отвори прашањето иако се помали се можностите како поминуваат деновите, изјави министерот за надворешни работи.

Тој порача дека мора да имаме доверба кон целта што ја имаме. Османи потенцира дека таа цел е фиксна, константна, неменлива.

За Османи ако има едно постигнување во комуникацијата во овие 100 дена е јасната дистингција на ова прашање, дека Република Бугарија, како што рече, не ги спори идентитетските атрибути на државата. Порача историчарите да продолжат, да разговараат за да најдат начини за заедничко одбележување, спомнување, погледи, наративи кон различни историски прашања.

– И другите прашања коишто ги надминавме во делот на краткото име, во делот на говорот на омраза, во делот на прашањето на малцинства, на економската соработка. Сето тоа е потенцијал понатаму да се надогради во едно разбирање помеѓу двете држави, изјави шефот на дипломатијата.

Scroll to Top