Османи: Финализација на приоритетите на австриското претседателство за европска интеграција на Западен Балкан

пред 4 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари видео средба со федералниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Александар Шаленберг.

„За нас, интересот на Австрија, како непосреден сосед на регионот на Западниот Балкан е од исклучително значење, а особено клучната улога која ја одигра вашата земја за време на австриското претседавање со ЕУ, период кога земјава оствари сериозен исчекор во европските интеграции. И во оваа фаза од интеграцијата, сме благодарни за принципиелните ставови што ги имате за европската перспектива на земјата“, истакна Османи, потенцирајќи на очекуваната поддршка од страна на Австрија за европските перспективи на Северна Македонија и во периодот кој претстои.

За двајцата министри продолжувањето на политиката на проширување на ЕУ ќе биде позитивен сигнал за целиот регион и неговата европска перспектива, а воедно ќе се креира и атмосфера за продлабочување на пријателските односи со соседите и интензивирање на регионалната соработка.

Османи го запозна Шаленберг и за очекувањата од амбициозната Агенда на престојниот „Софиски Самит“ во рамки на Берлинскиот процес, преку кои, како што рече, регионот ќе добие значајни и конкретни придобивки.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top