Отпадни води се излеваат во Охридското езеро

пред 3 години

Државниот инспекторат за животна средина утврди излевање на отпадните води од колекторскиот систем во Охридското Езеро. Инспекторите направиле контролата на колекторот пред два дена. Контролата ја правеле врз колекторот што ги носи отпадните води од населбите долж езерото, до станицата за пречистување во Враништа.

„Инспекторите извршија увид на делница на колекторот од препумпна станица ’Орце Николов‘ до препумпна станица ’Подмолје‘, посетувајќи ги и препумпните станици лоцирани долж оваа делница кај месноста Далјан и спортското игралиште. При увидот констатирано е дека четирите препумпни станици се функционални. Меѓутоа, поради дождовите, како и собирањето, односно одведувањето на фекалните и атмосферските отпадни води во заедничка, наместо одделна мрежа, кај инспекторираните станици утврдено е прелевање на отпадните води во езерото“ – велат од ДИЖС.

Од Инспекторатот најавуваат дека ќе достават известувања до овластен инспектор, но и до општините Охрид и Струга, за да ја санираат секундарната канализација и да се направи издвојување на атмосферските и фекалните отпадни води.

Вонреден надзор врз излевање на води во Охридското Езеро од колекторскиот систем

По претставка на политичката партија…

Posted by Државен инспекторат за животна средина on Saturday, 13 February 2021

Scroll to Top