Пандов: Зад зачувувањето на идентитетот треба да застанат сите Македонци, сите кои живеат овде

пред 4 години

Многу е фер и чесно да кажете дека ВМРО-ДПМНЕ е прва партија која барала Македонија да е во НАТО, а и во ЕУ. Ниту во историското ВМРО, ниту сега гледа кон Исток. Секогаш ВМРО до ден денес гледа кон Запад. Ние сега зборуваме дека македонизмот е во корен загрозен, ако оваа пропаганда на Бугарија помине ние  сме готови како народ, рече  Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Канал 5 на емисијата Само вистина. -Ако вашите внуци учат дека Гоце Делчев, Крсте Петков Мисирков и други биле Бугари, а вие велите дека се Македонци ќе ви се смеат, зошто за идните генерации се ќе биде поинаку, му посочи Пандов на соговорникот анлитичарот  Нано Ружин. Пандов рече дека ВМРО-ДПМНЕ како партија, сама со протестот не може да го стопира ова што се случува, оваа пропаганда од Бугарија. – Зад зачувувањето треба да застанат сите Македонци, сите кои живеат тука кои се чувствуваат како Македонци. Со еден приотест на ВМРО-ДПМНЕ свесни сме дека не може то ада се случи, треба единство за ова прашање, кажа Пандов. Тој посочи дека тезата на Бугарите е јасна дека постои еден народ во држави, за што укажа дека ние треба да се изјасниме дали ова го прифаќаме. Според него надлежните треба за ова прашање да се обратат во Брисел, да не останува се на линија Скопје-Софија. -Еве нека се разговара, но зошто да не блокираат на патот кон ЕУ, затоа што ова што го бара Бугарија е ние сами да се избришеме, вели Пандов.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top