Пендаровски: Во првата фаза, над 220 функционери ќе добијат безбедносни сертификати

пред 3 години

Првата фаза од процесот на издавање безбедносни сертификати за над 220 функционери и раководители во служби и министерства кои имаат контакт со класифирани информации треба да заврши наредниот месец, најави претседателот на државата Стево Пендаровски, во интервју на телевизија Канал 5, зборувајќи за неговата посета на Брисел.

Во однос на шпекулациите за имиња кои не поминуваат, Пендаровски рече дека станува збор за осетливи безбедносни прашања и не е добро да се шпекулира, ниту за државата, ниту за тие луѓе.

– Тоа не се шпиони, ниту криминалци. Тие луѓе ќе останат во министерствата, каде што се, но на друго работно место каде нема да имаат контакт со класифицирани информации, изјави Пендаровски.

Посочи дека во однос на процентот на лица кои добиваат безбедносни сертификати, нашата држава е во просекот на новите земји-членки во последните десетина-петнаесет години, односно на многу мал процент на луѓе кои отпаѓаат на различно ниво.

Scroll to Top