Пендаровски остро го осуди терористичкиот напад во Виена

пред 4 години

Претседателот Стево Пендаровски денеска во телефонски разговор со неговиот австриски колега Александeр Ван дер Белен остро го осуди синоќешниот терористички напад во центарот на Виена и изрази жалење за загубените животи во овој насилнички акт, информираат од Кабинетот на шефот на државата.

Пендаровски упатил длабоко сочувство до граѓаните на Австрија, како и до семејствата на жртвите и повредените.

Претседателот на државата изразил подготвеност за сеопфатна соработка во насока на превенција и пресретнување на радикализмот и тероризмот, мотивирани од верскиот фундаментализам.

– Двајцата претседатели оценија дека синоќешниот терористички акт во Виена е напад врз заедничките вредности во кои веруваме и врз нашиот начин на живот, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Scroll to Top