Пердју: Македонија е суверена држава и веќе не треба да се вознемирува и командува

пред 3 години

Северна Македонија е суверена држава и веќе не треба да се вознемирува или командува, ова во интервју за Бугарското национално радио го изјави поранешниот амбасадор на САД во Бугарија, Џејмс Пердју, кој беше и еден од посредниците во преговорите за Охридскиот договор.

-Верувам дека е во интерес на Бугарија да биде чувар за каузата на Република Северна Македонија да постигне членство во ЕУ. Колку на некои луѓе да не им се допаѓа, тоа е суверена држава и веќе не треба да се вознемирува или командува, откако веќе го реши спорот за името со Грција. На Република Северна Македонија и на Бугарија многу повеќе им прилега да бидат блиски сојузници отколку да се караат околу историјата, рече Пердју.

Тој додаде дека „Русија одлучи да го претвори Балканот во зона на стратешка битка за влијание со САД и нивните сојузници“.

Scroll to Top