Периодични прекини утре на патот Кичево – Охрид, кај Врбјани

пред 4 години

На патниот правец Кичево – Охрид, кај село Врбјани, утре сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), прекинот е поради работи на пат (минирање) во период меѓу 12 и 15 часот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Scroll to Top