Перишиќ: Состојбата на 73-годишниот Македонец во Србија не е последица на вакцината

пред 3 години

Состојбата на 73-годишниот маж од Северна Македонија, на кој му се слоши во салата „Чаир“ во Ниш викендот е непроменета и тој се уште е во кома. Тоа го изјави директорот на Универзитетскиот клинички центар, Зоран Перишиќ за БЕТА.

-Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина, изјави Перишиќ.

Лекарите ги елиминирале срцевите проблеми како причина за состојбата, бидејќи е направена коронарна ангиографија и се проверува состојбата на четирите бајпаси што ги имал пациентот од претходно.

Станува збор за таткото на Влатко Ѓорчев, познатиот лекар Ангелко Ѓорчев. За ова информира самиот Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук профил.

Тој појасни дека кратко откако неговиот татко ја примил вакцината, му се слошило и загубил свест.

-Го реанимирале на лице место, па го однеле со брза помош на кардиологија, а од денес е на интензивна нега во новиот клинички центар во Ниш. Не знаеме колку долго не можел да дише. Не знаеме во која мерка му е оштетен мозокот поради немање на кислород. Сега е на респиратор, во кома. Не знаеме сеуште дали се работи за инфаркт, анафилактичен шок, за редок шок предизвикан од реакција на вакцината, за комбинација од фактори или нешто трето. Сега е најважно да преживее, напиша вчера Ѓорчев.

Тој додаде дека за вакцинацијата смета оти треба да продложи и дека тоа е начинот да се заштити јавното здравје.

Вакцинацијата на стопанствениците од Северна Македонија започна во саботата, а завчера пред „Чаир“ имаше голема гужва, затоа што дојдоа и Македонци кои немаа закажан термин.

Директорот на Здравствениот дом во Ниш, Милорад Јеркан, вчера изјави дека на маж од Северна Македонија му се слошило во салата

„Чаир“. Неговите први проценки беа дека не е нешто сериозно. Јеркан вчера за случајот на Македонец на кој му се слошило, изјави дека во такви ситуации се можни колапси и како потенцијална причина го наведе заморот.

Тој посочи и дека освен овој случај немало други интервенции и дека имунизацијата поминала добро, како и дека се дадени околу 4.000 вакцини. Вакцинацијата на граѓаните од соседните земји на Србија продолжи и вчера.

Scroll to Top