Петта фаза од авионска дезинсекција против комарци во Скопје

пред 4 години

Град Скопје ќе започне со петтата фаза од авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје на 16 септември, во раните утрински часови. Од Град Скопје соопштуваат дека доколку временските услови не дозволуваат вршење дезинсекција, истата ќе се изврши во истиот термин друг ден, кога временските  услови ќе го дозволат тоа. Град Скопје апелира до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top