Поддршка од австрискиот амбасадор Вуцас за реформите во делот на правосудството

пред 4 години

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија, Георг Вуцас.

На средбата, министерот Маричиќ истакна дека Австрија покажала силна поддршка за евроинтегративните аспирации на Северна Македонија и се заблагодари на австрискиот амбасадор Вуцас за досегашната соработка.

Како што соопшти Министерството за правда, Маричиќ истакна дека во претстојниот период, Северна Македонија ќе посвети посебно внимание на имплементација на законите и реформите во делот на владеењето на правото со цел да се изгради транспарентен, независен и непристрасен правосуден систем.

Маричиќ нагласи дека очекува првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите да се одржи до крајот на годината.

Амбасадорот Вуцас изрази отвореност за поддршка на реформскиот процес на земјата во делот на владеењето на правото и правосудство.

Scroll to Top