ПОЖАР во сервис во Студеничани – изгореа три возила

пред 4 години

На 19.09.2020 околу 03: 30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автосервис на ул.„Јустинијан Први“ во с.Студеничани, скопско, сопственост на Д.И.(40), настанал пожар во патничко возило „ауди А8“, со струшки регистарски ознаки, сопственост на А.Д.(54) од с.Студеничани, Скопско, патничко возило џип „чироки“, со непознати регистарски ознаки и товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид ќе се врши.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top