Полицијата во станот на Јанкуловска, ќе ја спроведуваат во затвор

пред 4 години

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска доби упатен акт од судија за извршување на санкции за да биде спроведена во затвор , дознава „А1он“. Ова следува откако Врховниот суд одлучи да и ја потврди четири годишната затворска казна на Јанкулоска, изречена во предметот „Тенк“ за набавката луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Конечната одлука за казната на Јанкулоска, судот е донесена пред десет дена, од кога почна да се изработува и одлуката, која писмено била доставена до Кривичниот суд. Сега, Јанкуловска со полициска асистенција ќе биде спроведена во затвор.

Ексминистерката Јанкулоска беше осудена на шест години затвор, а пак, Апелациониот суд и ја намали казната на четири години. На ексминистерката ѝ се судеше во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост.

Поранешниот премиер Никола Груевски за овој случај веќе е осуден на две години ефективна затворска казна, а помошникот во министерството Ѓоко Поповски доби намалување од шест и пол на четири и пол години казна затвор на скопска Апелација.

Јанкулоска во завршните зборови на судењето побара ослободителна пресуда со образложение дека немала намера никому да влијае и да врши притисок.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top