Полицијата упадна во дом на струмичанец кој си правел забава со 11 пријатели

пред 3 години

Полициски службеници од СВР Струмица извршиле претрес во домот на А.Х.(55) од Струмица ноќеска во 1 часот по полноќ, по претходна пријава и издадена судска наредба.

Притоа, било констатирано дека неговиот син Х.Х.(26) организирал приватна забава со уште 11 лица, со што постапил спротивно на член 206 од Кривичниот законик.

Од МВР денеска соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top