Потпишан меморандум за соработка меѓу МИОА и МАСИТ

пред 4 години

Министерството за информатичко општество и администрација и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) се обврзуваат да ја продлабочат соработката и заедничкото поврзување, со цел подобра имплементација на заедничките активности.

Овој Mеморандум има за цел да обезбеди меѓусебна соработка помеѓу страните со цел да се искористат надлежностите и референтните познавања на проблематиката на ИКТ на секоја од страните во насока на:

– подобрување на ефикасноста на работата на ИКТ секторот и ИКТ кадрите
– забрзување на развојот на ИКТ секторот, развој на ИКТ дејноста, усвојување и воведување на современи технологии и методи на работење од/во ИКТ индустријата и во работењето воопшто
– подигнување на нивото на дигиталната писменост кај граѓаните преку организирање на обуки
– истражувањe за развој на техничко – технолошките достигнувања
– организирање на обуки за стручно усовршување на ИТ кадри
– учество на ИКТ индустријата во подготовката на законите и другите прописи во надлежност на првата страна
– давање на експертски мислења од ИКТ областа со акцент на дигитална трансформација на комуникациите
– унпаредување на условите за ефикасна и одржлива конкуренција на пазарот за електронски комуникации
– унапредување на развојот и поттикнување на инвестиции во јавните електронски комуникациски мрежи со воведување на нови технологии и услуги, а особено со воведување на следни генерации на јавни електронски комуникациски мрежи
– подобрување и олеснување на процесот на јавни набавки во ИКТ
– донесување и имплементација на стандарди во областа на ИКТ и заштитата на мрежи и информациски системи.

Scroll to Top