Почетокот на училишната година во Штип помина во најдобар ред и според сите протоколи

пред 4 години

Денеска започна училишната година за основните и средните училишта.

Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со претставници од кабинетот, ги посети основните училишта „Славејко Арсов“ „Ванчо Прке“ и „Тошо Арсов“ кадешто учениците од прво до трето одделение ќе посетуваат настава во училиштата, а останатите ќе имаат online настава.

Почетокот на училишната година помина во најдобар ред и според сите протоколи и оваа година покрај подготовките во воспитно-образовниот дел, вработените во институциите работеа и на протоколите за заштита на здравјето на дечињата и вработените.

Заменик градоначалникот Миланов им посака успешен почеток на учебната година на сите, а пред се на учениците од прво одделение кои за првпат се наоѓаат пред училишните клупи.

„Ова е важен ден за сите ученици, бидејќи во услови на пандемија тие треба да го надоградуваат своето знаење. Посакувам успешна училишна година на дечињата и на сите кои се вклучени во овој процес“, истакна Миланов.

Во моментот околу 1300 ученици во сите основни училишта ќе бидат физички присутни и ќе ја следат наставата, а останатите ќе имаат online настава.

Денешниот ден помина во најдобар ред и без никакви сериозни пречки за одржување настава.

Scroll to Top